Станува збор за вирус кој не ги напаѓа само белите дробови, туку и другите органи. Иако повозрасната група на граѓани е повеќе подложна, сепак не е исклучена тешка клиничка форма и кај помладите пациенти, истакна министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција во Владата.

На прес-конференцијата, на која информираше дека меѓу тројцата починати пациенти во измиантите 24 часа има и еден 40-годишен пациент кој немал никакви претходни заболувања, Филипче рече дека пациентите имале тешка клиничка слика.

Манфестацијата на болеста беше во најтешката форма. Станува збор за вирус кој не ги напаѓа само белите дробови, туку и сите други органски системи. Таквата е карактеристиката, механизмот на дејство преку еден вид специфични рецептори. Иако повозрасната група на граѓани се повеќе подложни, сепак не е исклучена тешка клиничка форма и кај помладите пациенти и за жал смртен исход, рече Филипче.

Во однос на тестирањата повтори дека земјава има направено огромен број на тестови на милион жители и оти пристапот на тестирање што сега се применува дава добри резултати.

Епидемиолозите се на тоа мислење дека само ваквиот пристап дава добри резултати, остава минимален, практично никаков простор за грешка односно за лажно негативни резултати што во оваа фаза на епидемијата е најбитниот момент, рече Филипче.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.