Министерството за здравство информира дека се готови резултатите на две лица кај кои постмортем е земен брис за тест на Ковид – 19.

Мажот на возраст од 66 години, кој на 30.03 од страна на МВР при извршување на рутинска контола на лице во домашна изолација, беше пронајден починат во својот стан во Битола е негативен на коронавирусот.

Брисот беше земен истиот ден од страна на Центарот за јавно здравје во Битола и испратен во Скопје на анализа. Починатиот, по враќање од Англија бил во 14 дневна изолација, а истата требала да заврши на 30 март. Од познати комобирдитети, имал дијабет и хипертензија.

Негативен на Ковид -19 е и резулатот на родилката од Охрид, која доцна синоќа почина на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.