Јован Деспотовски, директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, објави дека е позитивен на Ковид-19.
Вчера доцна вечерта добив позитивен тест на Ковид-19. Се чувствувам добро, а од дома ги вршам сите тековни активности и обврски. Благодарам за грижата на семејството, матичната лекарка, како и огромниот број пријатели кои се нудат за помош во овие моменти, напиша Деспотовски на Фејсбук.
Директорот нагласува дека ФИТР ќе продолжи да работи во различни смени без дополнителни физички контакти.
Како и секој пат кога се појавило сомнеж, а според препорака на епидемиолозите ќе биде спроведено тестирање за вработените, како и преземање на мерки за изолација секаде каде што ќе биде тоа препорачано. Поддршка за сите кои во моментов се борат со вирусот. Ќе успееме заедно! Сите други чувајте се и останете во добро здравје!, додаде Деспотовски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.