Во март оваа година во Хрватска починало 33-годишно момче, а чија смрт сега Агенцијата за лекови и медицински помагала ХАЛМЕД ја поврзува со вакцината против ковид-19, пишува хрватски Дневник.

Според информациите, ова е прв случај во кој се поврзува вакцината, а од агенцијата велат дека тоа е веројатната причинско-последична врска за овој случај.

Извештај за сомнително несаканата реакција со смртоносен исход кај 33-годишниот маж, кој бил вакциниран со вакцината „Астра Зенека“, е добиен во март, а младиот човек починал 12 дена по примањето на вакцината.

Првичниот извештај покажал тромбоцитопенија, или дефицит на тромбоцити и крварење.

ХАЛМЕД и Хрватскиот завод за јавно здравје (ХЗЈЗ) денеска објавија соопштение во кое се посочува дека е направена проценка на сомневање за несакан ефект кај 33-годишен маж кој починал 12 дена по вакцинацијата со вакцината на AstraZeneca.

Експертската група на ХАЛМЕД и ХЗЈЗ заклучи дека апликацијата ги исполнува критериумите според кои се смета за синдром на тромбоза со тромбоцитопенија.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.