Житарки
Киноа, булгур, ориж, пченица и овес – содржат диетални влакна кои ја нормализираат работата на цревата и помагаат во спречување на појавата на хемороиди.
Боровници, малини и капини
Тајната е во пектинот којшто го содржат. Тие се врзуваат за желудочната киселина, па така се намалува апсорбцијата на мастите и холестеролот, а се спречува и задржување на непотребните шеќери по прејадување.
Црвеното овошје се врзува за тешките метали и ги исфрла од телото.
Зелен лиснат зеленчук
Зелениот лиснат зеленчук како што се спанаќот, блитвата, марулата се едни од најдобрите природни лаксативи бидејќи содржат магнезиум, минерал кој помага за подоброто варење на организмот.
Јогурт
Во јогуртот има добри бактерии, пробиотици кои помагаат во одржување на рамнотежа на дигестивниот систем, што е клучно за здрав имунолошки систем.
Чиа и ленено семе
Со додавање на овие семки во јогуртот ќе направите вистинска лаксативна бомба.
Имено, овие семенки содржат многу влакна што е добро за нормализирање на столицата, а се одличен извор на омега-3 масни киселини.
Јаболки и круши
Исто како и црвеното овошје, и тие се полни со пектин.
Брокула и цвекло
Тие се многу важни за здравјето на цревата затоа што овозможуваат лесно проаѓање на отпадот од организмот.
Тиква
Оваа намирница со низок процент на јаглехидрати е полна со влакна, што е пресудно за ублажување на затворот.
Тиквата содржи и калиум, минерал кој делува како електролит кој ја чува рамнотежата во дигестивниот систем.
Кафе
Утринската шолја кафе ја стимулира работата на мозокот, но и на цревата.
Цитрусно овошје
Во оваа група спаѓаат портокал, цитрон, лимон кои ја омекнуваат столицата, но ја намалуваат и подуеноста.
Содржат голема количина на пектин кој ја поттикнува работата на цревата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.