Хоспитализираниот на Инфективно во велешката болница нема коронавирус

Здравје 21.03.2020 / 12:07

Хоспитализираниот од завчера сомнителен случај на Инфективното одделение во велешката Општа болница е негативен и нема корона вирус покажал тестот кој бил извршен на него,а негативни се и тестовите на  членовите на неговото семејство.

Како што инфрмира за МИА д-р Весна Николовска Неделкова портпарол на ЈЗУ Општа Болница, симптомите како покачена телесна температира и сува кашлица биле како последица на добиениот мозочен удар кој ги претрпел овој 70 годишен маж кој пред 10 дена се вратил од Шведска. Пациентот сега е префрлен на понатамошно лекување од претрпениот мозочен удар, информира д-р Николовска Неделкова.

Таа информира дека во Велес и Велешко нема ниту еден случај на заразен со корона вирус и апелира до населението да не шири паника и лажни вести.

Со оглед на новонастанатата состојба во земјава со вирусот Ковид -19, и препораките од Владата, ние лекарите апелираме до сите граѓани кои се вратиле од странство да поминат 14 дена во домашна самоизолација,а со цел да го заштитат сопственото и здравјето на останатите граѓани, потенцира д-р Николовска Неделкова.

Таа потсетува дека само оние лица кои ќе почувствуват некои од симптомите на вирусот корона:треска и висока температура,тешка кашлица и отежнато дишење треба да се јават на телефонот 071-219-278 на епидемиолошката служба на ЈЗУ Центар за јавно здравје во Велес, а која е во постојана координација со Инфективното одделение на ЈЗУ Општа болница Велес.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


Comments are closed for this post.