Хоспитализирани уште две деца и еден возрасен, со симптоми на морбили. Тоа значи дека во моментов има 26 хоспитализирани пациенти од морбили, информираа од Министерството за здравство.
Најмладиот пациент е бебе од 8 месеци, а највозрасната пациентка има 43 години од Скопје и е мајка на едно од заболените деца.
Сите новопримени пациенти имаат клиничка слика на заболени од морбили (мали сипаници).
Досега во сите вакцинални пунктови во Скопје вакцинирани се вкупно 2008 лица, а само денеска до 13 часот МРП вакцината ја примиле 104 деца.
Уште еднаш повикуваме на вакцинација на децата, иако е прогласена епидемија од морбили. Има доволно количини од МРП вакцините, велат од МЗ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.