На Универзитетската Клиника за детска хирургија ќе почнат да се вршат интервенции за промена на полот, за што е ангажиран проф. д-р Мирослав Ѓорѓевиќ од Белград.
Знам дека докторот веќе бил во контакт со едно лице кое е заинтересирано за оваа операција, изјави денеска министерот за здравство, Венко Филипче, кој присуствуваше на Национална конференција за „Унапредување на правата на ЛГБТ заедницата во Македонија“, организирана од Министерството за труд и социјална политика и во соработка со Советот на Европа и по повод првата Парада на гордоста што ќе се одржи задутре во Скопје.
Министерот Филипче нагласи дека операциите за промена на полот отсега ќе бидат на товар на Фондот за здравство, а нема да се плаќаат приватно како досега.
На Универзитетската Клиника за урологија ќе биде отворен и оддел за реконструктивна урологија и андрологија.
Кога ќе се изврши првата операција за промена на полот на скопските клиники, зависи од обврските на д-р Ѓорѓевиќ и секако од подготвеноста на пациентот, кој треба да прима и хормонска терапија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.