Хепатит Ц потврден кај уште неколку поранешни пациенти на штипска ортопедија. Со тоа бројот на заразени се искачи на 10.
Неколку граѓани што лежеле на ова одделение, се одлучиле на проверка откако на медиумите слушнале дека кај шест поранешни пациенти на ортопедија е најден вирус на Хепатит Ц.
Изворот на заразата се уште не е утврден. Не го покажа ниту контролата на Државниот и санитарен инспекторат, ниту на Комисијата за интерхоспитални инфекции на Клиничката болница.
Од Центарот за јавно здравје во Штип велат дека работат на случајот. Очекуваат помош и од нивните колеги од Скопје, бидејќи ќе мора да се направат епидемиолошки анкети со сите поранешни пациенти на ортопедија кои биле згрижени во последниве неколку месеци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.