Здравствените власти и Владата во државата ги спроведуваат препораките од Светската здравствена организација (СЗО), дури и пред да се јави вчерашниот прв случај со корона беше формиран мултисекторски комитет за итни ситуации под директно раководство на премиерот. Заедно со помош на СЗО беше направена проценка на капацитетите, не само на човечките ресурси, туку и на инфраструктура. Секој ден се комуницира со граѓаните и тоа двапати дневно, постојат установи кои се на располагање и се подготвено за евентуален прием на пациенти. Исто така во делот на превентивата вклучени се и 10-те регионални центри за јавно здравје, истакна д-р Ханс Клуге, регионален директор на СЗО за Европа на денешноит Втор национален форум за здравје.

Тој порача дека нема потреба за тревога и за паника. Се работи за нов вирус и да не се заборави дека во различни делови на европскиот дел на СЗО секоја година од сезонски грип умираат меѓу 60 илјади и 65 илјади лица.

Граѓаните ги советува да ги почитуваат мерките за заштита од заразни болести. Инаку, на светско ниво има 81.104 случаи со коронавирус, во 46 држави, од кои 20 земји се во рамки на Европскиот регион на СЗО во кој вкупно има 53 земји. Во последните 24 часа има уште седум дополнителни земји каде што се јавија нови случаи, од кои 97 проценти од сите случаи се во Кина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.