Министерството за здравство информира дека е хакирана и во моментов, не функционира нивната веб-страница.
Велат дека не функционираат ниту службените мејлови на вработените во институцијата.
Во моментов се истражува што точно се случило, како и за колку време ќе се реши проблемот за што дополнително ќе информираме – велат од Министерството во краткото соопштение.
Од синоќа не функционира ниту сајтот на Министерството за образование и наука.
На денот на предвремените парламентарни избори кои се одржаа на 15 јули имаше хакерски напад на агрегаторот на вести, „Тајм.мк“ и на сајтот на Државната изборна комисија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.