Група ентузијасти изработуваат заштитни капи и каљачи за медицинскиот персонал кој се соочува со недостаток на заштитна опрема, а истовремено се соочени со предизвикот за зачувување на здравјето и животот на граѓаните.

Пред само неколку дена, на 27.03.2020 започнавме со иницијатива да израборуваме дома заштитни капи и каљачи за медицинскиот персонал кој се соочува со недостаток на заштитна опрема, а истовремено се соочени со предизвикот за зачувување на здравјето и животот на граѓаните, како пред тоа, така и за време на актуелната пандемија.
За среќа во акцијата ни се приклучија голем број жени, од различни професии, кои искрено и од срце сакаат да помогнат и лично од свои средства шијат капи и каљачи и ги дистрибуираат онаму каде е потребно.
Голема благодарност до сите овие храбри жени за нивната човечност во овие тешки мигови.
Хуманоста не познава граници, нема бариери.
Се приклучија и жени кои се вешти во шиење на маски.
Се јавија луѓе кои помагаат со дистрибуција.
Секој на свој начин, колку може помага.
До нас стигнуваат голем број барања од здравствени работници од сите институции во државата.
Правиме се што можеме, работиме ден и ноќ , да испорачаме секаде по одредена количина, но ве замолувам за трпение. Верувајте побарувањето и потребите на здравствените работници се огромни и фабрика да бевме немаше да постигнеме.
Секој што ни се обрати ќе биде исконтактиран и секаде ќе се обидеме да испорачаме одредена количина од изработките.
Само молиме за трпение.
Воедно ги охрабрувам сите оние кои досега не ни се приклучиле, да ни се приклучат, како за побрзо време би испорачале повеќе изработки, секаде каде е потребно, стои во статисот на Фејсбук.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.