Едно лице е во животна опасност поради компликации од сезонски грип. Во меѓувреме, 81 лица се хоспитализирани низ скопските клиники.
Моментално, на инфективната клиника во Скопје еден пациент е на интензивна нега и е ставен на апарати за дишење додека 47 кои имаат симптоми на грип и други слични болести со грип, се хоспитализирани. Во текот на минатото деноноќие, биле примени 38 пациенти со симптоми на грип, од нив оние кои биле со сериозни компликации се хоспитализирани“, наведуваат од Инфективната клиника.
На детската клиника во Скопје, хоспитализирани се 34 деца со грип или слична состојба на грип.
Во текот на викендот, 182 деца биле пријавени со симптоми на грип. Шест од нив биле хоспитализирани а други двајца одбиле да се хоспитализираат“, велат од Детската клиника.
Во поликлиниката Бит Пазар дневно се пријавуваат 70 до 80 деца со симптоми на грип. 10 до 20 од нив неделно се праќаат на Клиника поради отежната здравствена состојба.
Во текот на изминатата недела, бројот на заразени со грип достигна над 3600.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.