Секој ден се повеќе се зголемува концентрацијата на ПМ10 канцерогените честички по градовите низ Македонија. А, пак власта и министерството за животна средина не превземаат ништо и молчат.
Денес мониторинг станиците низ градовите до 17 часот измерија енормно загадување во Битола, Куманово и Тетово. Граѓаните во овие градови едноставно дишат отров. Во регионот Битола 2 концентрација на ПМ 10 честитички во воздухот измерени во 17 часот е 377 50 µg/m³ од дозволени 50 50 µg/m³, а во регионот Битола 1 е 246 50 µg/m³. Во Куманово загаденоста е околу 255 50 µg/m³, во Тетово концетрацијата на ПМ 10 честички изнесува 228 50 µg/m³.
Додека граѓаните дишат смрт, власта молчи или пак се правда со смешни изговори, очигледно е дека Зоран Заев многу бргу заборави што ветуваше на последните предизборни кампањи.
Зоран Заев ветуваше заедно со неговите функционери дека кога ќе дојдат на власт загадениот воздух ќе го избришат со волшебно стапче, но години поминаа а граѓаните се уште се трујат со отровот кој што го дишат.
„Квалитетна и здрава животна околина е еден од основните предуслови за квалитетен живот на сите граѓани во Република Македонија, и заложба на Владата на Република Македонија“, истакна Зоран Заев во една своја изјава на 16.09.2019 година.
Здравјето на нашите граѓани и здравата животна средина е нашиот приоритет, и тоа ќе остане така сѐ додека постојат закани во однос на овие прашања, рече Зоран Заев на една од своите прес конференции на 10.10.2019 година.
Од ветувањата на Зоран Заев Македонија едноставно се искачи меѓу првите места во светот по загаденоста.
Поради оваа несериозност ВМРО-ДПМНЕ секојдневно апелира дека треба да се преземат соодветни чекори кон намалување на загаденоста во воздухот и така граѓаните ќе се го заштитат и своето здравје. Секој граѓанин во Македонија има право да дише чист воздух.
Мерните станици секој ден покажуваат опасно енормна загаденост на воздухот со ПМ10 честички, а мерки против загаденоста нема. Додека владата на СДСМ се луксузира и вработува партиски војници, секојдневно болниците низ државата се полнат со пациенти кои имаат респираторни заболувања, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.