Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција изјави дека ќе даде предлог до Владата да се затворат парковите, но и да се воведат и други, построги мерки, бидејќи и покрај препораките и апелите, повторно има јавни собири.
Очигледно не постои придржување до мерките, и голем број на граѓани ризикот не го земаат за сериозен. Мерките ќе ги заостриме, само така ќе има резултат. Бројката на пациенти расте и ќе расте, но кривата на пораст е поблага во споредба со другите држави. Сметам дека со дополнително заострените мерки бројката на заразени ќе се намали,“ изјави Филипче.
Во однос на деветте нови регистрирани пациенти, со што вкупната бројка се зголеми на 85, тој додаде дека сите случаи се во корелација со веќе претходно познати случаи. Голем дел од пациентите се на домашно лекување бидејќи имаат лесна клиничка слика, но тие цело време се во комуникација со медицински персонал, модел кој се применувал и во Германија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.