Техничкиот премиер Оливер Спасовски очекува градинките да се отворат навремено кога ќе биде завршен комплетно скринингот и кога ќе се почувствува дека и децата и вработените во градинките ќе бидат безбедни.

Тој информира дека вчера од Министерството за здравство бил известен оти уште некој ден ќе заврши целосниот скрининг на сите вработени во градинките, по што, најави, ќе се разговара прво во Комисијата за заразни болести, а потоа и во Владата за денот на отворањето на градинките.

Ситуацијата со Ковид – 19 е непредвидлива секаде не само кај нас. Зависно од тоа како ние се однесуваме можеме да ја имаме предвидливоста пред нас, а одговорноста на секој еден човек, одржувањето дистнца, носење заштитна опрема ќе придонесе за подобрување на состојбата со Ковид – 19 , изјави Спасовски, кој заедно со заменик министерот за труд и социјална политика Ѓонул Бајрактар и дополнителната заменик министерка за труд и социјална политика, Санела Шкријељ направија увид во градежните работи на нова, енергетски ефикасна градинка во Драчево, општина Кисела Вода.

Спасовски апелираше до граѓаните сите работи што ги предлага Комисијата, а како одлуки ги носи Владата да бидат испочитувани.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.