Првата руска вакцина против коронавирусот, направена од воени експерти и научници од Националниот институт за епидемиологија и микробиологија Гамалеја, е подготвена, соопшти денеска рускиот заменик министер за одбрана Руслан Цаликов.
Тој рече дека експертите и научниците од Националниот центар за истражување ги извршиле последните проверки и тестирања, дека сите доброволни приматели на новата вакцина развиле имунолошки одговор на коронавирусот и оти се чувствуваат добро.
Можам да кажам дека првата вакцина против коронавирусот е готова – рече Цаликов во разговорот со новинарите од весникот „Аргументи и факти“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.