Годинава во Македонија покрај трансплантациите од жив донор, се направени и четири кадаверични трансплантации и осум пациенти на дијализа добија шанса за нормален живот со бубрегот од починат донор. Планирано е оваа бројка двојно да се зголеми во 2020 година, соопштија од Министерството за здравство.
Паралелно, со трансплантацијата на бубрег, се прават подготовки и за трансплантација на срце и црн дроб. Тим на експерти кардиохирурзи, кардиолози и интернисти се во координација и веќе се работи на изработка и на Нацонална листа за трансплантација на срце, а паралелно со тоа и на финиширање на подготовките за практична реализација на трансплантацијата. Целта е идната година да се направи и трансплантација на црн дроб во земјава.
Планираме идната година да ја посветиме на камања на подигнување на свеста за органодонорството во Македонија. Секој подарен орган е спасен живот. За нас, како Министерство ова е мотивот за работа. Сериозниот пристап, работата и ставот кој го имаме кон вакви чувствителни теми, како и досега се имератив и ќе продолжиме во таа насока, велат од Министерството.
Министерството за здравство е во финална фаза на изработка на Националната листа за трансплантации на бубрези и до крајот на октомври на листата ќе има повеќе од 150 хла типизирани пациенти на дијализа кои имаат потреба од бубрег.
Националната Листа е изработена по примерот на Еуротрансплант и прва ваква во нашата држава.
Министерството за здравство веќе склучи договори за соработка со болници од Израел и Турција, а во преговори е и соработка со центри во Словенија, Хрватска и Австрија, како и потпишување на договор со Еуротрансплант кој ќе овозможи размена на органи со нам блиски земји членки на Еуротрансплант.
Министерството за здравство годинава ќе го одбележи Денот на органодонрството во вторник на 15 октомври со Стручна дебата на тема Трансплантација, на која ќе присуствуваат еминентни личности вклучени во трансплантацијата во земјава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.