Четириесет и двегодишниот Гоце Илиески од Прилеп, веќе 12 години е возач во Брза помош, а со коронавирусот се заразил на работното место. Во моментов е во тешка состојба во „Систина“ на респиратор, каде еден болнички ден го чини неговото семејство 2.250 евра.

Апели за помош на семејството Илиески веќе се шират по социјалните мрежи.

ММС го контактираше и неговиот братучед Диме Наумчески, кој открил дека последните месеци беа доста тешки за целото семејство.

-Со Гоце сме први братучеди, но бидејќи тој нема браќа и сестри, ние сме како браќа. Нашето семејство со оваа опака болест се бори од почетокот на декември. Прво почина татко ми од Ковид-19, потоа на осми март почина мајката на Гоце. Тој сеуште не знае дека мајка му починала, бидејќи веќе две недели е во болница во критична состојба. Ја имаше само неа, бидејќи татко му почина уште во 2007 година.  Тажно е што Гоце цел работен веке е посветен на работата, со Брза помош цел живот помага на други, но сега навистина нему му е потребна помош. Можете да замислите колку животи спасил. Неговата состојба е исклучитечно тешка, секој динар е важен. Како не зафати коронава глава не кренавме веќе четири месеци. Мајка му почина, а беа заразени и неговата сопруга е детето. И тие завршија во болница, но му благодариме на Бога детето е ок, сопругата е добра, прима терапија но, со Гоце е страшно.  Веќе е втора недела, и не се знае што ќе биде понатаму. Се надеваме, се молиме  дека тој ќе ја преброди болеста. Да не му затреба на човек ваква помош, но ајде да бидеме луѓе и да помогнеме, вели Наумчески.

Целата сторија на ММС



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.