Градската општа болница „8 Септември“ Скопје соопшти дека на 21 февруари во Ургентниот центар бил донесен пациент во тешка здравствена состојба.

Државниот санитарен и здравствен инспекторат врши вонреден инспекциски надзор за конкретниот случај. Сите потребни информации и податоци се дадени на инспекторскиот тим. Во интерес на расчистување на евентуалните пропусти, Ве молиме за разбирање, а конкретни информации ќе добиете од ДСЗИ и Министерството за здравство, соопштија од ГОБ 8 Септември.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.