ЈЗУ ГОБ „8 Септември” – Скопје упати апел до граѓаните кои ја посетуваат болницата со цел добивање здравствена заштита, да даваат вистински податоци при епидемиолошкиот прашалник кој го пополнуваат.
Болницата тоа го бара за лицата да добијат адекватна помош, да не ги изложуваат здравствените работници и другите пациенти на потецијална опасност, а со тоа и да се придружуваат кон насоките на Владата за спречување на ширење на инфекцијата со Ковид-19.
Секое постапување спротивно од насоките, подлежи на кривична одговорност, нагласија од ЈЗУ ГОБ „8 Септември” – Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.