Зорица Љубичиќ, главната медицинска сестра на Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби денеска во изјава која ја сподели министерот Венко Филипче вели дека веќе седми месец работи и живее со заштита маска.

Заштитната маска, веќе седми месец ми е составен дел од облеката, но и од начинот на секојдневно функционирање. Фокусот секогаш ми е на тоа да го сведувам ризикот од инфекција со ковид-19 на минимум. Им благодарам за помошта на сите колеги кои ни беа и се поддршка во овој период и воедно порачувам на сите граѓани, да не се групираме, да носиме заштитна маска, да држиме дистанца и редовно да ги миеме рацете. Затоа што секој човечки живот е важен, вели Љубичиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.