Иако се соочуваме со планетарна криза и борба со коронавирусот, за жал паралелно со оваа борба ,се бориме и со лажните вести и манипулации, посочи директорот на штипската болница, Ален Ѓеоргиев.
Новинари и граѓани од сега непозната причина, вршат манипулација со јавноста, а доказ за тоа е видеото снимено на Инфективното одделение во Клиничка болница Штип. Чиста вода за пиење и боци со кислород за болните кои се лечат од заразата КОВИД 19 се достапни од почетокот на пандемијата. Далеку од тоа дека се е идеално и дека некогаш немаме тешкотии, бидејќи персонал се разболува, оди во изолација, доаѓаат други, но условите за лекување на ова одделение се на далеко позавидно ниво одколку што тие лажно се прикажуваат на некои портали и видеа кои кружат на социјалните мрежи. На пример случајот со денешното видео. Пациентот излегува во ходникот и бара вода, а има шише покрај него и поминува покрај чешма која му е 3 чекори од креветот.
Не се виновни за се медицинските работници, имајте некогаш разбирање и тие се преморени……., нагласи Ѓеоргиев.
Видеото погледнете го со клик ТУКА
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.