Самиот побара помош за да преживее, за да го победи лошиот вирус, сега за помошта враќа безмерно. Гевгеличанецот Перо Рујковски донирал крвна плазма за да спаси 27 годишна кичевчанка која е заболена од вирусот. Денеска самиот ни се јави. Исто како во декември лани кога скромно ни пиша да му помогнеме. Тогаш раскажа дека успеал да го помине вирусот но дека нема пари да се долечи. Бараше помош. Ние помогнавме со објава на текст и неговата сметка. Рујковски вели – имало донации. Му помогнале. А тој е татко на пет деца. И има жена со инвалидитет.
И колку е само голем, колку е благодарен.
Сега решил самиот да помогне. Со пари не може ама може со својата крв. Ќе спаси живот. И тоа млад живот
„Вие еднаш ми помогнавте и јас сум многу благодарен. Децата видселе во некоја група на социјалните мрежи дека има потреба од лекови и ги донирав тие антивирусни лекови – моксирал кои ми останаа. Напишав и дека можам да донирам и крвна плазма, дека сум нулта позитив. Немаше половина час, ми пишаа дека ми бараат телефонски број. Го дадов ми се јавија и се договоривме. Требаше да се донира за 27-годишна девојка од Кичево. Утредента се заврши се. Дадов крв. Одбив паричен надомест ги земав само соковите за освежување, вели Перо.
Тој сега се чувствува добро иако има повредена рака.
Повеќе на фактор.мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.