Додека коронавирусот се шири во светот, лекарите не само што мораат да се борат за спасување на животи, туку и против лажните вести за коронавирусот, кои се шират побрзо и од самиот вирус. Заради тоа германскито виролог Кристијан Дростен и повеќе од стотина лекари, негувателки и здравствени експерти, се обратија до јавноста преку отворено писмо.
За спасување на животите и враќање на довербата во лекување засновано на научни сознанија, неопходно е технолошките гиганти да престанат да шират лаги, извртени информации и фантазии, кои сите нас не носат во опасност“, пишуваат авторите, мислејќи на Фејсбук, Твитер, Гугл и други.
Во писмо објавено во „Њујорк тајмс“ се вели дека технолошките компании имаат „многу големо влијание“, односно се одговорни за „сузбивање на смртоносното ширење на лажни информации, за да спречат друштвените мрежи да го направат нашето општество уште поболно“.
Меѓутоа, станува збор за само „дел од глобалниот проблем“, гледајќи дека на социјалните мрежи се фалат погрешни лекови и има објави со цел „луѓето да се одвратат од вакцини и делотворни терапии“.
Во писмото се наведува дека напорите на технолошките компании „не се ни приближно доволни“. Заради тоа тие имаат пред се две барања.
Технолошките гиганти треба да го запрат ширењето на лажни вести:
Така што ќе предупредуваат на лажни информации поврзани со здравјето. Платформите како Фејсбук, веќе почнаа да обележуваат текстови со лажни информации, но тие се и понатаму достапни на милиони луѓе. Сите корисници, кои биле во допир со лажните информации мораат да бидат предупредени.
Преку „детоксикација“ на алгоритамот кој одлучува што ќе биде прикажано на корисниците. Тука пред се е важно сајтовите и групите кои шират лажни вести да се спуштени на пониско ниво на корисничката страна, а не на повисоко. Сајтовите и групите кои постојано шират лажни вести треба да бидат „исфрлени од алгоритамот кој препорачува содржини“.
Компанијата Фејсбук реагираше на барањата кои се изнесени во писмото и соопшти дека тие преземаат „агресивни мерки“ против лажните информации за Ковид-19, дека веќе означиле „милиони погрешни информации“ и отстраниле илјадници содржини.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.