Вакцинирањето против мали сипаници ќе стане задолжително за децата и вработените во германските детски градинки и училишта од март следната година, одлучи денеска германската влада.

Кабинетот на германската канцеларка Ангела Меркел го одобри предлогот, наведувајќи дека бројот на случаи на големи сипаници значително се зголемил во текот на изминатите години. Се очекува дека членовите на германскиот парламент, каде што владејачката коалиција на Ангела Меркел има мнозинство, ќе го одобрат законот. Според програмата што ќе се применува од март 2020 година, родителите на деца од училишна возраст, почнувајќи од детска градинка, ќе мора да дадат докази за вакцинација.

Непочитувањето на овој пропис значи дека на децата нема да им биде дозволено да се запишат во детските градинки и нивните родители може да бидат парично казнети. Родителите на постарите ученици ќе мора да платат казна до 2.500 евра.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.