Постои ризик сиромашните и ранливите да бидат прегазени во стампедото за вакцината против коронавирусот, изјави денеска директорот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус.
На онлајн брифинг во Женева, тој додаде дека итно треба да се обезбедат 4,3 милијарди долари за шемата за дистрибуција на вакцините во светот.
Десетици земји аплицираа за глобалниот план за вакцинирање познат како Ковакс, кој беше формиран од СЗО и глобалната Алијанса за вакцини (ГАВИ) за да се обезбедат вакцини за земјите кои инаку не можат да си ги дозволат.
Досега се собрани 5 милијарди долари, вклучително и повеќе од 600 милиони долари од Германија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.