„Единствено добро што родителите можат да направат за своите деца е да им овозможат добро здравје, грижа и многу љубов. Утрово, во амбулантата Млин Балкан ја вакциниравме мојата внука Илина. Вакцините се безбедни, ефикасни и нѐ заштитуваат од разни болести”, напиша Филипче под фотографијата на која држи бебе при вакцинација во поликлиниката „Млин Балкан“.
По оваа објава родителите почнаа бурно да реагираат на социјалните мрежи:
А сестрата да го извадеше капачето од иглата пред да боцка!
П. С Лошо го сокрила со прстите!
Со овакви манипулации тешко дека луѓето ќе имаат доверба во здраството
Aхаха, со која вакцина… Со витамин Б6.
- Аман лудаци па ти си бил министер а таа до тебе доктор која вакцинира дете без ракавици неписмено се до едно
- Ова сигурно не е МРП вакцина, таа се дава на 13 месеци, а не на 4-5 месеци. Кого лажете министре? Толкава прашина се крена за МРП вакцината не за другите вакцини. Не пиеме нафта, а и кој знае што вакцина е ова и дали воопшто ја боцнале.
- Зошто е потребно вакво нешто, и сега треба да верувам дека се е во ред со вакцината, искрено воопшто не ме интересира дали сте ја вакцинирале внуката.
- Колку е ова глупо, да ја вакцинираш внуката за да му докажеш на народот дека вакцините се во ред, а скандалот што ве тресе мислите ќе се заборави?
- Прво велите министерот нека си ги вакцинира своите деца, па после нека збори. Еве човекот ја вакцинирал својата внука па повторно коментирате дека ова е многу глупо…
- Да не е со тие со погрешна декларација? Дека нели супер се тие, само техничка грешка имаат.
- Не ми се верува какви скептици се овие млади родители па вашите родители ве носеле на вакцини, мислам дека премногу си давате важност дека сте новопечени родители.
Фичипче ја вакцинира внуката со игла со капаче… Не прееба кој стигна и напрае будала од нас.
Кирацоски, Данска а сега и овој…
Гаси светло! pic.twitter.com/Ox1fTYXdPF— Персона нон Плата (@bojankuk) January 11, 2019
Од Министерството повикуваат децата да се вакцинираат и посочуваат дека има доволно количини МРП вакцини. Вакцините кои се аплицираат во сите здравствени домови се со добар квалитет, од европски производител и имаат добар рок на траење, наведуваат од Министерството.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.