Во Владата на Република Македонија, министерот за здравство, Венко Филипче одржа прес-конференција, втора денеска, на која информираше за новозаболените пет пациенти, меѓу кои има и здравствени работници од Дебар.
Денеска имаме пет новозаболени, со што вкупната бројка на заболени изнесува 31. Од петте новозаболени четири се здравствени работници од Дебар. Позитивен е тестот на сопругата на пациентот од Скопје. Таа ќе биде хоспитализирна на Инфективна. Здравствените работници од Дебар се од приватна клиника, двајца се само носители, немаат развиено симптоми- рече Филипче.
Двајца пулмолози од Скопје ќе помогнат во Дебар, во однос на скринигот, на третманот, на домашните визити, на луѓето кои се лекуваат во Дебар.
Би сакал да кажам дека сме свесни дека здравствените работници се најекспонирани на вирусот, но мора да правиме сè за да ги заштитиме, бидејќи во овие услови мора да обезбедиме стабилен и одржлив здравствен систем, мора да биде нивото на свет на исклучително високо ниво- рече Филипче.
Потребни ни се здравствените работници, рече Филипче, тие имаат семејства, пожртвувано работат за своите семејства и да помагаат на сите пациенти.
Да водиме грижа за сите нас, за граѓаните упатувам апел- останете дома и придржувајте се до мерките за заштита и превенција- рече Филипче.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.