Министерот за здравство Венко Филипче вечерва во 20:30 часот ќе одржи прес-конференција во Медија центарот во Владата.

Претходно, попладнево Филипче заедно со премиерот Оливер Спасовски и д-р Жарко Караџовски од Институтот за јавно здравје, на заедничка прес-конрефенција соопштија дека е потврден прв случај на коронавирусот во земјава, но порачаа дека нема причина за паника.

Станува збор за жена од Скопје, родена во 1970 година, која одреден период престојувала во Италија, а допатувала преку граничниот премин Табановце превезувајќи се со комбе во кое имало уште неколку лица. Моментно е на интензивна нега во Одделот за изолација на Инфективната клиника. Таа е свесна, ориентирана и дише нормално.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.