Министерот за здравство Венко Филипче на својот Фејсбук профил објави дека за прв пат во Македонија се одобрува лекот Рисдиплам за возрасните пациенти со СМА.

Славица е храбра жена чиј животен пат не е лесен. Кај неа уште од дете е дијагностицирано автосомно ресецивно заболување спинална мускулна атрофија. За пациентите како Славица во изминатите години направивме многу. Во тек е постапка за регистрирање на нејзината состојба во регистарот за ретки болести, за да може да го добие лекот Рисдиплам. Овој лек за првпат се одобрува во нашата држава за возрасните пациенти со СМА. Сите пациенти со дијагностицирана спинална мускулна атрофија сега се згрижени со терапија. На Славица и посакувам се најдобро, верувам дека со новите достапни лекови нејзиното здравје значително ќе се подобри, посочи Филипче.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.