Информации да се црпат изворно и да не се шират лажни вести. – потенцираше министерот Филипче на денешпната прес – конференција.
После сместувањето на директорката која е заразена со коронавирусот, уште двајца членови на нејзиното семејство се ставени во изолација.
Во врска со новиот заболен од коронавирус, сакам да напоменам дека лажни информации, креираат паника кај населението. Црпете ги информациите од релевантни извори. Докторката и уште двајца членови на нејзиното семејство се во домашна изолација. Ќе бидат во 14 дневна изолација 64 вработени и 11 пацинети, кај кои може лекувањето да се продолжи дома, иако сите се со различен степен на ризик, сметаме дека треба да се преземе оваа мерка, рече Филипче.
Тој потенцираше дека интервјуирани се 64 вработени, 11 пациенти кои биле хоспитализирани и 13 пациенти кои се лекувале во дневната болница се ставени во 14 дневна изолација, иако сите се со различен степен на ризик.
Докторката присуствувала на семинар и сите со кои контактирала таму се контактирани телефонски и се ставени во домашна изолација. На семинарот имало и тројца гости од Грција за што е известено министерството за здравство во Грција за нивните идентитет.
И поркај тоа што предвреме алармиравме и спроведовме мерки на претпазливост, ова со што се соочивме денеска навистина многу не разочара, сега е предизборен период, не може да се разрешува, но таа ќе биде разрешена. Целата клиника ќе биде затворена 14 дена, но одговорност ќе има за апсполутно секој, кој нема да се придржува до пропишаните мерки- рече Филипче.
Тој напомена до сите граѓани кои патувале во ризичните места да бидат во домашна изолација.
Во овој момент уште 8 пациенти се испитуваат. Со симптоми се испитува пациент од Бугарија, и неговата сопруга, еден патник од Сингапур, наш државјанин, 4 луѓе кои биле во контакт со пациентите од Дебар, и еден од Гевгелија, за овие лица се чекаат резултати. – рече Филипче.
Неколку лекари специјалисти од штипското кожно одделение се во домашна изолација, откако биле во контакт со директорката на Клиниката за кожни болести.
Епидемиолозите во разговорите и анкетата утврдуваат со колку луѓе лекарките имале контакт.
Екипа од Центарот за јавно здравје –Штип на кожното одделение прават целосна дезинфекција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.