Комисијата за заразни болести правеше анализа и ги следеше трендовите на новозаболени. Анализите покажуваат дека на неколку локации во земјата има брзо ширење како резултат на непочитување мерки, рече Филипче.
Според него групирање на семејни собири, не носење маски и непочитување мерки за транспорт во компании се главни причини за раст на новозаболени во Скопје, Кумановско-липковскиот регион, Тетово со околните општини, Штип и околината.
Добро е што во целиот останат дел од земјата состојбата е стабилна и тоа е доказ дека мерките каде се почитуваат има резултат.
Заради спречување на дополнително ширење во критичните региони и надвор од нив, Владата донесе одлука за враќање на полициски час.
Се воведува целосна забрана на движење на сите граѓани на Скопје, Куманово, Липково, Штип, Тетово, Боговиње, Теарце, Брвеница, Жилино и Јегуновце, од четврток, 21 часот до понеделник 5 наутро.
Во сите останати градови се забранува движење на граѓаните почнувајќи од четврток 21 часот до петок 5 часот наутро, соопшти министерот за здравство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.