Министерот за здравство Венко Филипче смета дека е добро што секој ден во Македонија има приближно ист број заболени од Ковид-19 затоа што со таков тренд нашиот здравствен систем ќе може да ги опслужи граѓаните и добро да се справи со коронавирусот.

Иако сѐ уште е рано било што да заклучуваме, линеарниот раст на заболени во последните 15 дена охрабрува. Имаме број на заболени приближно еднаков секој ден. Ова беше нашата цел од самиот почеток, со ваков тренд нашиот здравствен систем ќе може да ги опслужи граѓаните и добро да се справи со коронавирусот. Пикот на епидемијата допрва доаѓа и сега е потребно сите да останеме дисциплинирани и да ги следиме без исклучок мерките и препораките, смета министерот Филипче.

Вчера беа потврдени 26 нови случаи на пациенти дијагностицирани со Ковид-19 вирусот. Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти во нашата земја сега изнесува 285 лица. Од нив 12 се излечени и 7 се мртви.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.