Филипче денеска најави дека од денеска и болницата „8 Септември“ е подготвена за дијагностицирање и лечење на заболени од Ковид-19 и дека на располагање ќе бидат нови 400 болнички кревети, што ги нуди болницата. Каде ќе бидат сместени заболените ќе се одлучува во координација со директорката на Клиниката за инфектологија…

Се наоѓаме во критичниот момент со очекуван раст на бројот на дијагностицирани заболени од Ковид-19 и имајќи предвид дека одиме кон пикот во следните неколку недели влегуваме во нова фаза на менаџирање на целокупниот процес. Доколку ситуацијата отиде во полоша состојба ќе предложиме и други мерки што ќе значат зголемување на рестриктивноста, најави министерот за здравство Венко Филипче.

Тој додаде дека досега имало многу разговори дали да се примени некој друг начин на справување со пандемијата, но заклучиле дека е подобро да се продолжи со сегашниот начин со додавање на некои допонителни мерки меѓу кои и апликација што ќе им помогне на инфектолозите полесно да ги следат контактите што ги имале заразените.

Како нов регионален центар за справување со пандемијата ја посочи болницата во Битола каде, како што кажа, во моментво има 35 кревети на располагање кои можат да се зголемат до 100. Во преговори сме, додаде, и со лабораторијата на МАНУ за дијагностицирање на заболени од Ковид-19 и за користење на нивната апаратура. Верувам дека и тие ќе бидат вклучени наскоро, рече Филипче.

Најави дека сите јавни здравствени установи во земјава имаат доволно заштитна опрема. Имаме сосема солидни резерви, а во текот на неделава ќе ги дополниме. Имаме, посочи, заштитна опрема што секаде се корсти, а за жал секаде во светот има заразени доктори, некаде и починати.

Прецизира дека неделава ќе се врши набавка на респиратори, а главниот критериум ќе биде брзината на испорака. На сметката на Министерството за здравство, како што кажа, има донации од 500.000 евра од домашни компани, а има и донации на медицински апарати и големи количини на заштитна опрема од околу еден милион парчиња, како и донирани возила кои им се доделуваат на центрите за јавно здравје.

Апликацијата пак за следење на луѓето кои имале контакти со заболени лица ќе биде активирана следната недела. Таа во исто време ќе гарантира безбедност на личните податоци на граѓаните кои доброволно ќе треба да ја симнат на своите мобилни телефони.

Откако граѓанинот ќе ја симне апликацијата ќе му биде доделен број кој нема врска со бројот на неговиот мобилен телефон или со матичниот број. Преку тој број ќе се следат контактите што ги имал со други лица кои имаат симнато апликација на своите мобилни телефони на кои им се приближил на помалку од два метра. За да функционира апликацијата цело време ќе треба да биде вклучен блутут. По 14 дена податоците автоматски ќе се бришат од уредот и воопшто нема да бидат преземени во друг уред, а единствено ќе се преземаат во серверот на инфектолозите доколку имателот на апликацијата се заболи од Ковид-19 за полесно да се следат контактите што ги имал со другите лица.

Претседателот на Комисијата за заразни болести Жарко Караџовски посочи дека консензусот на целата комисија е на многу високо ниво и нема драстични разлики, а решенијата се носат на дневна основа. Во досегашното менаџирање на спроведувањето на тестирањето, како што кажа, сме едни од најдобро екипираните и организирани во моементов, затоа што по бројот на направени тестови сме втора земја. Пред нас е Словенија. Навлезени сме во золемен број заболени лица, а врвот се очекув во следните две до три недели.

Комисијата за заразни болести, рече, има и други мерки на располагање, кои доколку ситуацијата отиде во полоша состојба и додаде дека се подготвени да предложат и други мерки што ќе значат зголемување на рестриктивноста. Додаде дека не е се исцрпени меките што им стојат на распоалгање.

Директорката на Инфективната клиника Милена Стевановиќ истакна дека кај нив се хоспитализирани 74 лица и дека се приближуваат до пополнување на капацитетите. Мобилната болница, додаде, ќе ни помогне во дополнување на потребите од хоспитализација и веќе се во функција тимови од колеги интернисти кои ќе бидат од голема помош и тие од утре почнуваат.

Денеска, како што кажа, се примени нови шест лица од кои еден на жалост почина неколку часа по приемот. Вчера е примено две годишно дете, кое е стабилно.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.