Денеска од нашите пријатели од Владата на Република Грција ја примивме донацијата од 20 000 дози вакцини „Астра-Зенека“, напиша на Фејсбук министерот за здравство, Венко Филипче со што ја информира јавноста за хуманиот гест од страна на нашиот јужен сосед.

Оваа поддршка од грчката Влада и грчкиот народ се од голема важност за нас, за што им изразувам благодарност. За време на примопредавањето нѐ поздрави и премиерот Зоран Заев кој во тој момент се врати од Брисел. Солидарноста меѓу пријателските земји во време на ковид-пандемијата покажува колку е важно сите да бидеме сплотени во процесот на имунизација бидејќи тоа е единствениот начин да издвојуваме победа против вирусот ковид-19, стои во објавата на Филипче.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.