Министерот за здравство, д-р Венко Филипче во Берлин оствари билатерална средба со федералниот министер за здравство на Сојузна Република Германија, Јенс Шпан. На средбата станало збор за можноста за потпишување Меморандум за соработка со Министерството за здравство на Германија и продлабочување на соработката меѓу двете министерства во повеќе области, соопшти Министерството за здравство.

На средбата, министерот Филипче се заблагодарил за досегашната одлична соработка со повеќе здравствени установи од Германија, а воедно изразил задоволство од соработката на поле на размена на медицински кадар и едукациии од експерти, кои ќе продолжат да доаѓаат во Македонија и да го обучуваат кадарот во државата.

Истовремено, министерот истакна дека остануваме посветени на реформите во здравството, а Сојузна Република Германија и натаму е наш стратешки партнер, велат од Министерството.

Министерот Шпан ја поздрави средбата и напредокот на Македонија кон евроинтегративните процеси. Тој изрази уверување дека ќе продолжи соработката во областа на здравството, со проширување на можностите за инвестирање, развој на медицински туризам и размена на кадри.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.