Ниту една фирма не ги исполнила критериумите на тендерот за набавка на респираторни машини и истиот е поништен, изјави на денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.
Тој рече дека ниту еден од економските оператори не можел да го задоволи критериумот за итност на набавката, па од тие причини постапката е поништена. Тендерот повторно ќе биде повторен преку Владата.
Денеска заврши јавната набавка на респираторни машини. Иако успеавме да постигнеме релативно добра комерцијална цена од 16.000 евра, ниту еден економски оператор не можеше да го задоволи критериумот за итна набавка. Заради тоа постапката во тој дел ќе се поништи. Министерството за здравство ќе даде предлог до Владата да ја спроведе истата, рече Филипче.
Сепак, Филипче вели дека во моментов државата не се соочува со проблем на респираторни машини, бидејќи и светските искуства говорат дека само пет отсто од пациентите имаат потреба да бидат ставени на респираторна машина.
Во земјава, од сите 85 детектирани случаи, само една пациентка, првозаразената од Дебар е на респираторна машина и таа е во критична состојба, непроменета од вчера.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.