Министерот за здравство Венко Филипче на Фејсбук им го честиташе Светскиот ден на медицинските сестри и им заблагодарува за нивниот ангажман, особено во периодот на борба со коронавирусот.

Медицинските сестри се грижат за сите во светот. Во изминатиот период нивната работа беше уште потешка. Им благодариме за влогот и трудот што го вложија. На Меѓународниот ден на медицинските сестри оддаваме почит за сите што застанаа во првите борбени редови против коронавирусот, напиша Филипче на Фејсбук.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.