Утрово се сретнав со семејството на младата Верица Белчовска чии органи беа донирани и спасија животи. Најмалку што можеме да сториме за овие неизмерно хумани луѓе е да им помогнеме. Преку донатори се обезбеди вработување за таткото и братот на Верица, а на почетокот од месецов, Владата им додели на користење стан во општина Струмица. Белчовски донесоа одлука која нема цена, тие на сите ни покажаа што значи да си човечен, ова семејство во моменти кога го изгубија најмилото, мислеа како да спасат други животи, за што сите сме им вечно благодарни, напиша на Фејсбук, министерот за здравство, Венко Филипче.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.