Министерството за здравство планира да набави осум мамографи кои ќе бидат распределени во неколку јавни здравствени институции ширум државата, меѓу кои и Општата болница во Куманово, информираше денеска ресорниот министер Венко Филипче, по посетата на таа јавна здравствена установа, која доби донација апарат за рана дијагностика за оштетувања на слухот за новороденчиња.
Веќе до крајот на оваа недела ќе започне постапката, така што колку ќе траат временските рокови, верувам дека за период од два до три месеци, апаратот ќе стигне во Кумановската болница, рече Филипче.
Мамографот во Општата болница во Куманово поради дотраеност престана да функционира во октомври 2017 година и беше донација. Со него од 1996 година им беа извршувани прегледи на пациентки од Куманово и регионот. Поради дефект на стариот мамограф, пациентките се упатуваа на прегледи во јавните и приватните здравствени установи во Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.