Министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференција информира за состојбата со коронавирусот.
Денеска на седницата Владата утврди дека ќе се воведе кризна состојба во општините Дебар и Центар Жупа. Пациентите се стабилни, освен пациентката од Дебар, која има дополнително влошување на состојбата и е на граница за ставање на апарат за механичка вентилација.
Денес од Дебар дојдоа уште 10 лица кои се во врска со втората група на хоспитализирани пациенти, кои покажале знаци за горно распираторно заболување. Четири се позитивни.
Одлука за ограничување на движење на луѓето во овие општини, во и надвор од истите. Во следните 24 часа закажавме седница на комисијата за заразни болести за да се разработи оперативен план, детали како ќе се функционира на овие места.
Еден патник е стигнат на скопскиот аеродром, нашинец од Германија, регистриран со лесно покачена температура, тој е изолиран и дел од луѓето кои седеле околу него. По пристигање на резултатите ќе инфорираме за неговата состојба и што ќе се преземе понатаму.
Целосно се почитува забраната за влез на странски државјани од земјите со висок ризик, рече Филипче.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.