Последните нови студии од странство покажуваат дека дури до 90 отсто од пациентите кои се ставени на апарати за дишење завршуваат фатално, изјави вечерва во „Топ-тема“ министерот за здравство Венко Филипче, кој говори за состојбата со коронавирусот во Македонија.
Филипче кажа дека бројот на пациенти со сезонски грип скокнал за 89-90 проценти и може да се испита дали е некои имале коронавирус.
Ги анализиравме бројките на сезонски грип, во просек се 20 000, оваа година се 37 000, скоро 80 или 90 проценти повеќе заболени. Материјалите се анализирале во присуство на други вируси предизвикувачи на сезонскиот грип и тие може дополнително да се тестираат да се види дали некој од тие пациенти бил заболен од коронавирусот, рече Филипче.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.