Новороденчињата и предшколските деца може да се вакцинираат во редовен термин, а за школските деца вакцината може да се одложи два до три месеца. Тоа е стручно мислење на Комитетот за имунизација, рече министерот за здравство Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање на редовната прес-конференција во Владата.

Во однос на опасноста од ширење на вирусот при учество на верски собири, Филипче повтори дека забраната за масовни собири од Владата важи за сите.

Има важечка забрана за какви било масовни собири од страна на Владата. Никој не би требало да повикува ова да се прекршува, без оглед на тоа кој е организаторот, рече Филипче.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.