Пет нови случаи и двајца дијагностицирани во друга лабораторија што треба да се потврдат во нашата лабораторија, соопшти министерот за здравство Венко Филипче на вечерната прес-конференција.

Тестовите на пет нови пациенти се позитивни на коронавирусот. Двајца други пациенти имале позитивен тест во болницата „Жан Митрев“, но тие тестови мора да се ускладат, да се проверат во лабораторијата на Институтот за јавно здравје. Дел од лицата што биле во контакт со овие лица веќе се во самоизолација – изјави Филипче.

Четири лица се од Дебар, а една жена на возраст од 54 години во земјава допатувала од Холандија, преку Виена. Сите лица од авионот се контактирани, членови на нејзиното семејство и таксистот, и за сите нив е одредена мерка за самоизолација.

Хоспитализирани на Инфективната клиника се 14 луѓе.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.