Министерот за здравство Венко Филипче смета дека носењето заштитна маска ќе стане навика. Вирусот, како што вели, нема да исчезне по првиот пик, туку ќе трае до пронаоѓањето на вакцината која се очекува во 2021 година. Дотогаш сите мора да го модифицираат начинот на однесување и да ги користат сите мерки на заштита за да се спречи понатамошното ширење на вирусот.
Тој вечерва во емисијата „Топ тема“ каде се вклучи онлајн повтори дека според анализите пикот се очекува кон крајот на април и оти бројката на заболени би се движела околу 2.000.
Вирусот нема да исчезне. Земјите го подготвуваат здравствениот систем за некој нов пик на есен. Тогаш имаме сериозна опасност покрај пациенти заболени од Ковид 19, да имаме и дополнителен број на заболени пациенти од сезонски грип. Значи, оваа приказна нема да заврши по првиот пик, ќе трае. Веројатно ќе заврши со вакцината која се надевам дека ќе дојде до 2021 година, но дотогаш сите мора да ги модифицираме начинот на однесување и да ги користиме сите мерки за заштита со цел да го спречиме ширењето на вирусот – рече Филипче.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.