Не знам каква била комуникацијата на докторката со организаторот. Не можеме да знаеме и да бидеме сигурни со која динамика и како ќе се шири вирусот кај оние кои биле на симпозиумот. Имаме 12 луѓе кое биле 20 часа со пацинетка во минибус и никој не заболеле, а имеме и друга ситуација како оваа во Дебар каде што има позитивни лица, изјави денеска Венко Филипче, министер за здравство кој на редовната прес-конференција соопшти дека уште четворица пациенти се позитивни на тестот за коронавирус.
Филипче изјави дека ќе испита дали е вистина тоа дека организаторот на симпозиумот во „Рагуса 360“ знаел дека разрешената директорка на Клиниката за кожни болести била вратена од Италија, но не презеле ништо и ќе ја извести јавноста. За тоа каква ќе биде состојбата со оние кои биле на симпозиумот во „Рагуса 360″ на кој предавање на околу 100 луѓе држала докторката Нина Цаца Биљановска, заболена од коронавирусот, Филипче рече дека состојбата се следи, но никој не може да ја знае прогнозата.
Според Филипче, има луѓе со висок, среден и низок ризик.
Колку пати треба, толку пати ќе повториме, јавното здравје и врвен приоритет и сите строго да ги почитуваат мерките. Кога велиме нема собири, значи мислиме нема собири, рече Филипче.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.