Mинистерот за здравство Венко Филипче не даде конкретен одговор на прашањето дали трудниците треба или не да се вратат на работните места од 1 јуни. Според вчерашните одлуки на Владата од понеделник престануваат да важат ослободувањата од работните обврски, освен за хронично болните и родители на деца под 10 години, додека не се отворат градинките, но трудниците прашуваат дали ова важи и за нив.

По индикација, во зависност од состојбата, мислам дека индивидуално може да се цени тоа и врз основа на тоа да се носи одлука, рече министерот Филипче.

Трудниците реагираат дека и по овој одговор не им е јасно дали ова значи дека треба да се вратат на работа. Нејасно е кој ќе ги прави овие проценки, дали бремените жени ќе треба да отидат кај своите матичните гинеколози или Владата допрва ќе донесе некој прецизен протокол.

Од работни обврски остануваат ослободени хронично болните и родителите на деца до 10 години. Апелирам до сите граѓани да ги почитуваат мерките. Тие остануваат на сила и следува казни за секое нивно непочитување. Да носиме здолжително заштитна опрема, често да ги миеме рацете, како и да ја одржуваме потребната физичка дистанца од 1.5 до 2 метра. Вирусот е уште тука, да бидеме внимателни, напиша денес министерот Филипче на Фејсбук.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.