Не можеме сите да страдаме затоа што некој не се вакцинира, од септември или октомври најверојатно ќе има рестрикции, изјави министерот за здравство, Венко Филипче.
Според Филипче, државата е далеку од колективен имунитет и апелираше граѓаните да се вакцинираат, бидејќи вели, само на тој начин може да се избегне втор бран на пандемијата.
Ние бевме свесни дека во еден момент ќе се соочиме со антивакцинална кампања, како кога беше актуелна епидемијата со морбилите. Тогаш веднаш интервениравме и се сузби преку вакцинацијата и забраната децата да се примаат во градинки и училишта. Тоа треба да е доказ колку моќно оружје е вакцината во борба против пандемија. Ги пратиме другите земји, нема некоја голема разлика во бројките…најголем опфат кај нас има во поголемите градови, Скопје, Охрид, Битола…“, рече Филипче.
Филипче рече дека граѓаните треба да бидат свесни дека ако не се вакцинираат може да се инфицираат и да развијат тешка форма на болеста, потенцирајќи дека вакцината штити и од новите мутации на вирусот.
Вчера почна имунизацијата на малолетници од 12 до 16 години. Околу 500 деца досега се вакцинирани против ковид-19, а пријавени се 1.800, соопшти Филипче кој присустуваше на отворањето на реновирано крило на Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и Ургентен центар (ТОАРИЛУЦ).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.