Во последните денови често добивавме прашања за причините за смртност на пациентите, а станува збор за лица кои претходно имале хронични болести. Најголем дел од нив се лица над 60 години, кај кои се забележани хронични болести на кардиоваскуларниот систем и белите дробови и шеќерна болест, изјави на денешната прес-конфренција министерот за здравство Венко Филипче.

Денеска министерот за здравство соопшти дека има петмина починати од ковид-19, а 103 се новозаболени.

Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 4.157, бројката на оздравени пациенти е 1.723, на починати е 193, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.241.

По олабувањето на рестриктивните мерки практично во сите земји во регионот се регистрираат нови случаи на вирусот, како во Албанија, Косово, Србија, но и во Словенија и Црна Гора каде практично беше прогласен крај на епидемијата, соопшти Филипче на денешната пресконференција.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.